Бишевац за Алфа: Мицкоски презема целосна одговорност за изборите, Ахмети е реалната моќ во власта, СДСМ не знаат да водат држава

Бишевац за Алфа: Мицкоски презема целосна одговорност за изборите, Ахмети е реалната моќ во власта, СДСМ не знаат да водат држава

Увереност во голема и убедлива победа на изборите во мај и подготвеност да ја преземе целата одговорност врз себе. Ова го покажува потегот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да го преземе раководењето со Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ, сметаат познавачите.

Поранешниот новинар и пратеник Сафет Бишевац за Алфа вели дека задачата на Мицкоски нема да биде воопшто лесна, бидејќи покрај обврските во изборниот штаб, како претседател на партијата ќе има обврска да ја предводи и кампањата и за парламентарните и претседателски избори.

-Подготвеноста на Христијан Мицкоски да ја преземе целосната одговорност за она што ќе се случува на изборите, се разбира дека ќе биде тешко, бидејќи исторвремено ќе треба да биде човек кој ја води кампањата и шеф на изборниот штаб. Но, тоа ќе треба да биде доказот дека организициските способности и менаџерските способности, политичкиот дел од Христијан Мицкоски може да функционира и на едно такво исклутечно ниво и изборите треба да бидат доказ за тоа, изјави Бишевац.

ВМРО ДПМНЕ успеа да оствари политичка победа и со заедничкото одржување на изборите, со оглед на тоа што СДСМ и Ковачевски долго време беа цврсти на ставот дека изборите ќе биле во различни термини. Според Бишевац тоа покажува дека СДСМ е само еден обичен помал коалиционен партнер во власта, кој за се мора да го слуша ДУИ.

Однесувањето на власта е диктирано не од волјата на оној кој номинално е прв човек во Владата, од премиерот Ковачевски, туку од проценката која ја направила очилгедно ДУИ, партијата која ја има релната моќ во државата, изјави Бишевац.

Според Бишевац СДСМ веќе не е никаков фактор и кај гласачите. Вели тоа е партија во која нема никаква идеологија и сите вредности кои некогаш ги имале веќе ги нема.

-А пред се се едно царство на не знаење и на неснаоѓање во работи кои треба да значат подобрување на апсолутната состојба во државата. Тие можеби се добри за криминал, за сплетлки, за шпекулации, за спинување на работиве, но очигледно дека не знаат да водат држава, изјави Бишевац.

Инаку од ВМРО ДПМНЕ по состанокот на Извршниот комитет соопштија дека се започнати и подготовките за избор на кандидат за претседател на државата, чиј конечен избор ќе биде на партиската конвенција на втори март наредната година.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста