Бинзисмените бараат Владата да носи реални, а не популистички мерки за помош на стопанството и граѓаните

бизнис заедницата предупредува дека актуелните мерки што ги презеде владата ќе имале подобар ефект ако се донеле многу порано. бараат од владата да реагира соодветно. односно помалку да се грижи за популизам, а повеќе реално да им помогне на граѓаните и компаниите.  

Реални а не популистички мерки – бизнисмените бараат власта сериозно да се посвети на справување со последиците од економската криза. Велат дека се потребни чекори кои ќе го олеснат работењето на компаниите, но и дека она што досега било направено е задоцнето.

  • Тоа требаше да се случи и порано, ете дојде моментот кога имало неопходност да се случи, и да се надеваме дека оваа мерка ќе биде долготрајна. Од друга страна намалувањето на ДДВ-то и контролирањето на цените, особено за грѓаните е социјална мерка, и контролирањето на цените како социјална мерка – таа се коси со постулатите на пазарната економија, вели за Алфа Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи на Македонија.

Бизнисмените предупредуваат и дека бранот поскапувања ќе продолжи зашто, како што велат, владините мерки нема да го дадат посакуваниот резултат.

  • И во наредниот периот мислам дека се ќе поскапува, ќе оди на горе производството, ќе поскапува животот, целата живеачка генерално. Токму за тоа мора да се базираме врз нашите капацитети, врз нашето производство, врз нашата економија, токму затоа државата мора да покаже сериозност во оглед на бранот поскапувања, додава Бошков за Алфа.

Дел од владините мерки минално им помогнаа на граѓаните, но максимално удрија на компаниите, пред се на трговците. Владата ги ограничи маржите односно заработката за одредени прехранбени производи, а само неколку недели претходно договори поголема минимална плата и воведе дополнителни исплати за работа во недела со што нивните трошоци драстично пораснаа. Дел од нив размислуваат и за отпуштања.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста