Биљал Касами ја презеде функцијата градоначалник на Тетово-ќе води најзадолжена општина, со куп проблеми

Биљал Касами ја презеде функцијата градоначалник на Тетово-следните 4  години ќе води општина, која е емеѓу најзадолжените во државата , а има куп  големи проблеми- со недостатокот на вода, смет, урбанистички и сообраќаен хаос.Сето ова, вели Касами, е огромен предизвик-прво ќе почнел со комплетна ревизија- за долгот, што и како се работело ,но и најважно-како се трошеле парите.

  • Сите кои никогаш не се појавиле на работните места,а земале плати и паушали на сметка на граѓаните  ги повикувам сами да се повлечат од своите работни места. Сите на кои им е направена неправда ,ќе ја имаат мојата поддршка,а сите кои направиле неправда ќе бидат соочени со мене рече Биљал Касами- Градоначалник на Тетово.

Досегашната градоначалничка Теута Арифи не сакаше многу да зборува-во каква состојба ја предава локалната власт, кои и се сега планови во политиката. Само се заблагодари и посака успех на новиот градоначалник.

  • Нема да си дозволам политички дебати. Граѓаните одлучиле и им посакувам среќа, нивниот избор да биде успешен за сите граѓани и за самиот град- изјава Теута Арифи- Поранешен градоначлник на Тетово.

ДУИ на овие локални избори доби 10 градоначалници ,но,го изгуби бастионот Тетово, каде на власт беа цели осум години.Не успеаја да го добијат ниту Гостивар-каде  Арбен Таравари од Алијанса за албанците,доби поддршка за втор мандат.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста