Биљал Касами бара двојазичност и во бизнисот, ДУИ му порача да ја чита птограмата

„БЕСА“ оди чекор понапред – не само да се субвенционираат приватните компании кои ќе вработат Албанци, туку да се воведе целосна двојазичност во бизнисот. Биљал Касами кој е дел од владината коалиција вели ако би играл на картата на популизам и тој би инсистирал на субвенционирање на приватниот сектор, но смета дека ситуацијата е поинаква.

  • Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето на сите граѓани, потенцираше Касами во „Click Plus“ на ТВ21.

Министерот за економија Крешник Бектеши му порача на владиниот партнер и лидер на Беса, Билал Касами да ја прочита владината програма пред да дава изјави.

Нашите сектори ќе работат на креирање на мерки за субвенционирање на приватните фирми при вработување на различни етникуми. Ве повикувам да ја видите владината програма и ние како функционери сме задолжени да ја почитваме и реализираме програмата. Се разгледуваат неколку опции како од идната година субвенционирање да се реализира. Политичарите да ги читаат владините програми пред да коментираат, еве тоа е содржано во владината програма на страница 39 параграф 3. Нека ја прочитаат оти гласале за владината програма, изјави Бектеши на новинарско прашање дали со премиерот Заев или вицепремиерот Битиќи разговарале за тоа и кој е ставот.

Бектеши повтори дека субвенционирањето нема да важи само за Албанците туку за сите. Секоја компанија која ќе ја подобри етничката затсапеност ќе ја потикнат компанијата преку субвенции. Министерот не прецизира колку пари во буџетот ќе бидат наменети за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработуваат по етнички клуч, но додаде дека тоа ќе биде содржано во новиот буџет за идната година.

Со наредниот предлог буџет ќе разгледаме да креираме такви мерки. Тука не влегуваат само Албанците, се работи за сите етникуми во нашата држава. Ќе креираме такви мерки да го потикнеме и приватниот сектор да вработува и со тоа да го зголемува процентот на некоја од заедниците, ние со субвенции ќе го помогнеме. Министерството работи на новиот буџет и во зависност од консултациите и со стопанските комори ќе видиме, ќе важи за сите правни субјекти во Македонија, рече Бектеши.

Првиот Вицепремиер Артан Груби на големо се фали со оваа мерка како голем успех на ДУИ.

Инаку според Уставот службен јазик во Македонија е македонскиот и неговото кирилско писмо, а во општините во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите во службена употреба се и јазикот и писмото на националностите под услови и на начин утврдени со закон.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста