БиХ од ЕУ доби повеќе од 9,2 милиони евра помош за мигрантите

Европската унија, во текот на изминатите месеци, преку различни проекти донираше повеќе од 9,2 милиони евра на Босна и Херцеговина помош за мигрантите и бегалците на терен, како и за јакнење на капацитетите за управување со границата.

Од крајот на 2017 година БиХ се соочува со сè поголем прилив на мигранти и бегалци кои доаѓаат на нејзина територија. Повеќе од 23.500 мигранти и бегалци стасаа во текот на 2018 година од Србија и Црна Гора, во споредба со 755, колку што пристигнаа во 2017 година, пренесува Фена.

Во моментов околу 4.000 мигранти и бегалци престојуваат во привремените прифатни центри во БиХ.