Бигорски манастир – Св. Јован Крстител, место кое мора да го посетите ова лето

На 2 км. од селото Ростуше, дебарско, на надморска височина од 740 метри се издига манастирот Свети Јован Крстител – Бигорски манастир. Положен е во впечатливите варовни карпи на кањонската долина на реката Радика, во прегратките на бујните шуми всадени на северозападните падини на планината Бистра.

Почетоците на неговата изградба датираат многу одамна (се верува уште во 11 век). Денешната градба на манастирскиот комплекс ја сочинуваат: црквата, костурницата, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци и новоизградените гостински конаци, кои нудат можност на секој од посетителите, под одредени услови, да остане подолго време и да ужива во прекрасните изгрејсонца на овој божествен предел.

Повеќе за манастирот,  неговата историја, современието во кое опстојува, предизвиците со кои се соочувал низ годините и визијата за иднината можете да прочитате на веб-страницата на Бигорскиот манастир https://bigorski.org.mk/ како и на профилите на социјалните мрежи кои изобилуваат со прекрасни фотографии од манастирот и манастирскиот живот кои со сигурност ќе ве примамат да го посетите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста