Без вода, струја и без денар во џеб – вака живее 44 годишната скопјанка Соња Станковска

Без вода, струја и никакви примања, во куќа со влага и урнати тавани – вака живее 44 годишната Соња Станковска во населбата Водно. Живее сама и со помош од соседите и пријателите кои понекогаш и излегуваат во пресрет. Веќе четири години живее без вода за пиење, а од пред една недела оваа жена ноќите ги поминува во мрак, без струја.

Од 2016 година до сега сум без струја и вода. Полнам вода од бунар а кај комшиите некогаш перам – вели Соња Станковска.

Иако има потврда од лекар дека не може да извршува работни обврски, институциите кои даваат социјална помош вели дека се глуви на нејзините барања. Според Станковска, нејзиниот предмет не го погледнале, а не добива никаква помош од државата.

По институциите не ги вршат своите работи, еден куп документи стојат, само луѓето ги малтретираат од шалтер на шалтер, мојот предмет не го ни погледнале – додава Станковска.

Живее во тешки услови а влагата и смета и поради нејзината дијагноза, кога пред неколку години се здобила со почетна туберкулоза.  Дополнително се плаши за сопствениот живот во услови на пандемија со корона вирус, кога е во критичната група на лица со хронични заболувања. Вели дека се помирила со судбината, и така се снаоѓа во животот.

Имам влага во куќата, имав почетук на туберкулоза, бев на доктор, ми даде антибиотици, пиев чаеви и така се спасив. Се помирив со судбината, не сум само јас, има многу како мене што се сами и сами се снаоѓаат во животот  – вели таа.

Сиромаштија и борба за парче леб е секојдневието на оваа жена за чиј живот, како што вели таа, институциите молчат.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста