Без вода денеска дел од Долно Лисиче

Без вода денеска од 09:55 часот се корисниците на улиците „20″ и „2″ во Долно Лисиче во Општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект од ф 80мм на ул.„20″ бб во Долно Лисиче.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста