Без вода дел од Кисела Вода и Студеничани

Прекин на водоснабдувањето денеска од 09:15 часот ќе имаат корисниците од улиците „Петар Дељан“ и „Михаил Чаков“, во општина Кисела Вода, а од 09:30 часот без вода ќе бидат корисниците од Студеничани.

ЈП „Водовод  и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект ф-2 на улица „Петар Дељан“ број 11, додека корисниците од Студеничани ќе бидат без вода поради дефект на ПП хидрант ф-80мм.

Поврзани вести