Без соодветна опрема пожарникарите на првата линија на фронтот во борба со пожарите, тие се НАШИТЕ ХЕРОИ

Нашите херои – македонските пожарникари во првата борбена линија со часови и денови во директен судир со огнените стихии.Граѓаните не нарекоа херои – но секогаш сме биле скромни и сме се реагирале навремено на сите повици вели за Алфа, првиот човек на скопската бригата, Владимир Симоновски.

  • Ако дадеме резиме на она што се случуваше вчера во градот, се нема случено псоледниве 6-7 години, може и повеќе. Со сите сили што ги имаме, и со сите сили што располагаме на терен сме и во Пехчево и во Делчево вели Симоновски за Алфа.

Исцрпени од борбата со пламените јазици со стара опрема, за која со години бараат обновување и недостатокот не се откажуваат. Кубурат и со кадар.

  • Многу пати сме го истакнале проблемот, и сме кажале дека пред се опремата и опремувањето на бригадите во цела држава е многу битен факт за вакви не сакани ситуации. Ниту можете да го предвидите пожарот, ниту да знаете кога ќе се запали. Значи ова е период, на високи температури, нема врнежи на дожд, па да може нешто да се намали. Интензитетот е насекаде, има многу активни пожари, ни недостусуваат опрема и најмногу персонал. Скопската бригада како и секогаш, од секаде што ни побарале помош сме активирале луѓе и сме пратиле за било кој град во државата – вели Симоновски за Алфа.

Командирот на скопската бригада вели дека немаат никаква комуникација со Центарот за управување со кризи.Сами се координирале се со цел навремено и квалитетно да реагираат .
Сега најдобро ја гледаме потребата од пожарникарите, истите на кои скопскиот градоначалник, Петре Шилегов им рече да си најдат нова работа, доколку не им се допаѓа. Со денови протестираа за исплаќање на надоместокот на плата, кој им следуваше со судска добиена пресуда, но градоначалникот Шилегов ги игорираше. Дополнително гнев им предизвикува тоа што вчера кога беше најпотребен, кога гореше на 20ина локации во Скопје, градскиот татко го немаше никаде.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста