Без никакви докази Русковска сака да докаже тероризам од Јанакиески и Ристовски на 27 април

Со докази кои речиси никако не можат да докажат дека обвинетите за организација на настаните од 27 април го организирале влезот во Собранието, обвинителката Вилма Рускоска во судница неколку часа се обидуваше да ја докаже оваа теза. Таа како докази изведе пораки на обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски со поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска. Но нејасно е како тие пораки би ја докажале тезата на Обвинителството, со оглед на тоа што никаде не се споменува 27 април и некаков влез во Собранието, а плус комуникацијата прикажана пред судот завршува дури еден месец пред настаните во Собранието.

-Овие докази завршуваат заклучно за 28 март 2017-та година, тоа е момент кога воопшто не постои парламентарно мнозинство во Собранието, тоа е момент кога воопшто не е започнато продолжението на седницата и апсолутно не може да има никаква врска со самиот упад. Не слушнавме ниту еден збор за насилство, насилен протест, туку евентуално само за говорници кои би биле на тие протести, изјави Еленко Миланов.

Покрај содржината на доказите, за одбраната спорно е начинот на кој Обвинителството дошло до нив. Имено истите се побарани преку налог за вештачење на СЈО кај лице кое воопшто нема лиценца за вештачење, односно не може да биде запишан како вештак во регистарот. Поради оваа причина одбраната побара да не се прифатат истите докази, што беше одбиено од страна на судот.

-И самото Обвинителство пред презентирањето и пред одлуката на судијата дали да се прифатат тие како дополнителни докази прецизира дека не се работи за вештачење, дека се работи за извештај, а самиот сведок би рекол даде заклетва како вештак, а одбраната успеа да докаже дека тој не е вештак, што и самиот го призна, изјави Новаковски.

СМС пораките се однесуваат на комуникација меѓу обвинетите со Канчевска Милевска, каде се предложуваат имиња кои би биле говорници на протестите, а се споменуваат видни актери, музичари, доктори, спортисти и други лица од јавниот живот. И самата Рускоска не е сигурна дека овие докажа можат да ја докажат тезата на Обвинителството.

-Па ќе видиме што ќе се докаже. Мислам видете ние како Обвинителство и одбраната сме странки во постапката, што ќе смета судот и што ќе докажеме ќе видиме, изјави Русковска.

Инаку во случајот за организирање на влезот во Собранието покрај Јанакиески и Ристовски, обвинети се и поранешниот собраниски спикер Трајко Велјановски и екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, како и Никола Груевски, кој е азилант во Унгарија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста