Без инфектолози во борба со короната
На прсти можат да се пребројат инфектолозите во југоисточниот дел од државата. Кочанската општа болница остана без инфектолог, откако специјалист замина во пензија . Сега пациентите со Ковид -19 ги лекуваат анестезиолози и интернисти. На оделот за изолација се лекуваат само полесните случаи, сите посериозни се препраќаат во Штип и Скопје.Ништо поразлична не е состојбата во единствениот Ковид центар во источниот регион каде што во моментот има само со двајца инфектолози. Недостатокот од кадар се покрива со ротација на лекари и медицински сестри од други оделенија.
Ние за овој проблем разговаравме со министерот. Во периодот кога побаравме помош од другите институции ни беше кажано , дека не можат да ни помогнат со лекарски кадар од други здравствени установи. Така што ние се снајдовме направивме реорганизација-изјави Ален Ѓеоргијев директор на на Кб-Штип
Состојбата е алармантна, тешко може да се излезе на крај, коментира и директорот на струмичката болница,каде што од вчера има пет позитивни здравствени работници. Во оваа болница има тројца инфектолози.Одделенијата се полни со хоспитализирани пациенти, а инфектолозите секоја втора вечер имаат дежурства…
имаме недостаток од персонал, кубуриме. Отворивме нов дел за сместување и треба го надополниме со сестри од други оделенија.– изјави Наќе Гогов-директор на Општа болница Кочани
Засега нема ништо од монтажните болници кои уште во јули беа најавувани како дополнителни капацитети во кои ќе се обезбеди соодветен третман на пациенти со ковид-19 кои ќе бидат зафатени со есенскиот бран. Монтажните болници требаше да бидат готови во октомври и да се градат со средства обезбедени преку заем од Светска банка.
Aлександра Ристевска