Без Филипче и Царовска почна скринингот во училиштата, тестирани 150 средношколци во Скопје

Скринингот на учениците почна ама без присуство на надлежните министри за здравство и за образование. Иако првично беше најавено за почетокот на Октомври тестирањето на учениците почна со задоцнување. 150 средношколци од две скопски училишта – Панче Караѓозов и Зеф Љуш Марку први застанаа пред епидемиолошките тимови. Првичните резултати од тестирањето покажале дека сите ученици се негативни на вирусот. Постапката на земање брис е безбедна за децата, појасни техничарот Денис Јанкуловски и ги повика родителите да не се двоумат околу тестирљањето на нивните деца.

„Тоа се брзи скрининг тестови кои се слични тестови до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути. Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви со кои ги носат децата за откривање бактерија на Микробиологија кога ги носат, истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи. Така што не е ништо болно“, вели Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје.

Лекари епидемиолози веќе подолго време реагираат дека скрининг на ученици по случаен избор нема да даде реална слика за ширењерто на вирусот во училиштата. Професорот даниловски неодамна посочи дека релевантни би биле само податоците доколку се тестираат сите ученици барем еднаш седмично.

Здравствените власти првично најавија дека со скринингот ќе бидат опфатени помеѓу 40 и 50 илјади ученици. Сепак, последната одлука е да се тестираат близу 8200 ученици по случаен избор. Скринингот ќе се спроведува во 364 основни и 109 средни училишта во Скопје, Тетово, Куманово, Битола, Прилеп и Гостивар. Тестирањето го спроведуваат мобилни екипи во рамки на училиштата, а се очекува дневно да бидат опфатени по околу 1600 ученици.

На последната анкета спроведена од сајтот факултети.мк близу 70 отсто од анкетитаните родители се изјасниле дека нема да дозвoлат нивните деца да бидат дел од Ковид скринингот во училиштата, а 68 отсто се на став дека органичен скрининг нема да го спречи ширењето на пандемијата меѓу учениците.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста