Без бадникова литија се слави Бадник во Охрид

Низ Балканскиот Ерусалим утринава не одекна гласот на дечињата кои низ годините во литија, пеејќи ја коледарската песна , го најавуваа Христовото раѓање. Поради пандемијата на коронавирус,бадниковата поворка изостана,но тоа не ја намали радоста кај дечињата кои за овој свет ден долго се подготвуваа. Со цел да им посакаат брзо оздравување на сите оние кои во овие мигови се борат да ја сочуваат радоста на живеењето,неуморни и гордо исправени со нетепение очекуваа, да ја споделат божиќната честитка која самите ја напишале сеејќи љубов,утеха и надеж.

Во пункот поставен кај Божиќната пештера на гратскиот плоштад имаше над 300 честитки, а дечиња не само од Охрид туку и од другите градови кои се затекнале во Центарот на православието, се до утринава пишуваа пораки на кои ги излеале своите  детски желби а принесуваа и  подароци за болните и измоштените.

Пригодните подароци од дечињата беа доставени во охридската општа болница.Нашите сограѓани пак кои најрадосниот христијански празник Божиќ ќе го поминат далеку од своите семејства, својата благодарност ја искажаа на социјалните мрежи.

Пред повеќе од две децении во Охрид Христовото раѓање се празнувало со литии, но традицијата згаснала.Од организациониот одбор горди,потсетуваат  дека пред 8 години за прв пат направија обид и успеаја да ја возобноватавтентичната изворна православна традиција.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста