Бетон идентитетот попушта: Османи ја брани придавката македонски, Заев ја дава по барање на Грција

Придавката македонски стана причина за извинување на македонскиот премиер. Искажаната чест кон фудбалските репрезентативци, беше причина Зоран Заев да се објаснува и извинува на јужниот сосед, бидејќи фудбалерите ги нарекол македонски. Толку време гарантираниот идентитет, а пишан и во Преспанскиот договор, сега е проблем за Грција. А Заев и покрај тоа што го имаме правото да ја користиме придавката македонски, реши да се извинува, велејќи дека човек на негови години знаел да погреши, нарекувајќи ги македонските фудбалери македонски. Правото да ја користиме оваа придавка е запишано и во членот 7 од Преспанскиот договор, со кој Македонија го промени името на државата.

-Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство, пишува во член 7 од Преспанскиот договор.

И покрај овој член од Преспанскиот договор, Заев се извинува, иако досега во многу наврати повторуваше дека македонскиот јазик е заштитен токму со потпишувањето на договорот со Грција.

-Нашето право на самоопределување како Македонци, завршен е траен спор. Имаме земја признаена од сите, нема срамот на ФИРОМ да го носиме и на фиромци повеќе. И точно е ќе бидеме Северна Македонија, ама ќе бидеме Македонци, ќе зборуваме македонски јазик, во Европскиот парламент и грчките пратеници аплаудираа кога се обратив на македонски јазик, велеше Заев.

За Грција проблем е и името на Фудбалската федерација на Македонија, што пак е признаено и не е никаков проблем за УЕФА, но стана проблем за Заев, кој најави промена на истото и додавање на Северна. Името федерацијата кое е според Заев за промена, не проблематично за министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој изјави дека промена не е потребна.

-ФФМ е непрофитна организација која што во Централниот регистар е регистрирана како здружение кое што не прима државни пари. Согласно Преспанскиот договор прашањето за името е за институции, здруженија кои што примаат државни пари. Така да се додека не прима државни пари, нема обврска да го прилагоди своето име, изјави Османи.

Инаку, поради зборот македонски напишан од страна на премиерот на социјалните мрежи, Грција стопираше ратификување на меморандуми потпишани во Преспанскиот договор, иако премиерот Заев многу пати гарантираше дека со истиот нема да имаме проблем со користењето на придавката македонски.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста