Бесплатните свидетелства најскапи во Тетово

Тетово и годинава има најмногу училишта кои бараат пари за бесплатните свидетелства што ги добиваат средношколците.И сумата овде е највисока,дел од училиштата си ги наплаќаат, дури и по 200 денари,потврдуваат во Сојузот на средношколци.Ова се случува веќе со години наназад, и покрај тоа што е спротивно на законот. И оваа година реагирале до инситуциите од кои бараат одговорност за ова незаконско наплаќање.

Овој проблем е најприсутен во Тетово, и таму треба најмногу да се обрне внимание за да се реши.На пример, гимназијата во Прилеп наплатува по 30 денари, а во Тетово училиштава наплатуваат по 150-200 денари, значително повисока сума.Некои директори рекоа дека не знаеле за ова, туку тоа го правеле индивидуални наставници, па еве ги повикувам тие директори да го контролираат своето училиште и да видат што се случува. – вели Лука Павиќевиќ – претседател на Сојуз на средошколци.

Во Алијанса за Албанците денеска повикаа средношколците да не молчат за овој скандал и предупредија дека секој нов нареден случај на незаконско наплаќање во тетовските училишта, ќе го објавуваат јавно.

Нам ни е јасно дека жртви на овие шеми се и тетовските наставници кои некој ги става во тешка положба и бараме разбирање од нив,што и така се прегазени од неисплаќањето за додатна работа во време на пандемија. Но,жртви се и родителите и учениците, кои по многу трошоци за обезбедување компјутерска опрема, телефони, интернет,сега се принудени да плаќаат и за свидетелства. – кажа Музафер Етеми-Алијанса за Албанците.

Денеска не успеавме да добиеме одговор од тетовските училишта,но,средношколци кои не сакаат да зборуваат јавно ни потврдија за случајот.                                                                                                                     

Инаку, Бирото за развој на образованието испраќа бесплатно свидетелства до сите училишта, а самоиницијативното наплаќање на дел од училиштата се случува со години.За овој скандал,одговорност засега нема.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста