Бесплатните свидетелства дел од училиштата си ги наплаќаат, реагираат од Сојузот на средношколци и бараат одговорност

Бесплатните свидетелства  кои ги добиваат средношколците, дел од училиштата си ги наплаќаат, од 50 денари па нагоре.Ова се случува веќе со години наназад, и покрај тоа што плаќањето не предвидено со закон.Во Сојузот на средночкоци велат дека периодов имаат многу вакви поплаки, претежно за училишта во Тетово,Куманово и дел во Скопје.За ова реагирале до инситуциите, од каде чекаат одговор.

Единствено училиште во Тетово кое одговори на нашите повици е средното медицинско,кое од Сојузот е посочено дека наплаќа дури и по 100 денари од сводетелство.Директорот тврди дека сега слушнал за ова, а до нив немало никаква поплака од ученици.

Инаку, Бирото за развој на образованието испраќа бесплатно свидетелства до сите училишта, а самоиницијативното наплаќање на дел од училиштата се случува со години.Во Сојузот чекаат одговор, зошто ова досега се толерирало,но и бараат одговорност за ова незаконско наплаќање.

 

Милена Стојановска Вучевска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста