Бергамо прогласи победа-по 137 дена веќе нема пациенти со ковид-19

Болницата „Папата Јован Тринаесетти“ во Бергамо, која важеше за најголем оддел за интензивна нега во Европа,  го отпушти и последниот пациент со ковид-19. По цели 137 дена, во болницата веќе нема луѓе кои се лекуваат од коронавирусот. Бергамо и северниот италијански регион Ломбардија беа првото големо жариште на коронавирусот во Европа, a болницата  го прими првиот пациент на 23 февруари. Само во Бергамо имаше околу 6.000 жртви на ковид-19, а во најкритичните денови, 100 пациенти истовремено беа приклучени на респиратори и за нивните животи се бореше персонал од 400 медицински лица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста