БЕНФИКА ГО САКА ЕЛИФ ЕЛМАС ЗА СЛЕДНИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ

Неколку големи европски екипи, во прв ред Бенфика го сакаат нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, а Наполи може, се сложува да го пушти, но под услов да замине како позајмен играч и не повеќе од шест месеци по што повторно би се вратил на стадионот Диего Марадона. Тоа би било доволно за креаторот да настапува, да има минутажа и да одржува форма пред учеството со Македонија на Европското првенство. Ова станува пореално во вчерашниот ден кога, и покрај тоа што Мертенс, Инсиње, Осимен беа недостапни за игра, тренерот на Наполитанците Џенаро Гатузо не го повика за стартер нашиот Елиф Елмас во поразот кај Лацио.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста