БЕЛОРУСИЈА АПСИ ПО СТОТИЦИ ДЕМОНСТРАНТИ ДНЕВНО

Во Белорусија петти месец по ред секојдневно се одржуваат протести против претседателот, Александар Лукашенко. Владата ги смета протестите за нелегални, па полицијата секојдневно апси над 200 демонстранти. Најсето повеќето ги ослободува во рок од 24 часа, но има и такви на кои притворот им трае најмалку по еден месец. На вчерашниот протест само во главниот град Минск беа приведени над 300 демонстранти. Според полицијата во Минск, мали групи демонстранти се собрале во периодот од пладне до 15 часот по локално време.Дел од приведените претходно веќе одговарале за учество на протестите, а некои, пак, и се спротивставиле на полицијата, за што ќе следи казна до 30 дена притвор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста