Белгискиот принц казнет за кршење на карантинот

Белгискиот принц Јоаким (28), кој се зарази со коронавирус, откако присуствувал на забава во Шпанија, е казнет со парична казна од 10.400 евра за кршење на карантинските мерки.
Тој е казнет затоа што откако пристигнал во Шпанија на 24 мај, не ја испочитува 14-дневната мерка карантин, но два дена подоцна присуствуваше на забава во Кордоба, јавува Би-Би-Си.

Иако се извини за неговото однесување, ќе мора да плати казна, што ќе се намали за 50 проценти ако ја плати во рок од 15 дена. Принцот Јоаким е внук на кралот Филип од Белгија и 10ти во ред да го наследи престолот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста