БЕЛГИЈА ЈА СОВЛАДА ПОРТУГАЛИЈА (1-0) И ВО СЛЕДНИОТ ЕЛИМИНАЦИСКИ КРУГ НА ЕП ОДИ НА ИТАЛИЈА

Португалија е детронизирана, европскиот фудбалски трон е ослободен, а четири национални тима ги составија првите две четвртфинални двојки на 16. континентален собир. Белгија ја оствари најголемата победа со оглед на тоа дека играше со Португалија, а решението падна во 42 минута кога Торген Азар погоди што се покажа како конечен резултат во викенд дербито на шампионатот. Белгијците кои може во продолжение да бидат без Де Брујне и Еден Азар кои вчера се повредија на 2 јуни во Минхен играат со Италија. Ден потоа мегдан за полуфинале во Баку ќе имаат и Данска и Чешка која вчера порано со голови во второто полувреме ја победи Холандија во Будимпешта со 2-0.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста