Бектеши: Утре ќе се знаат сите детали за увозот на отровниот мазут кој неколку години согоруваше во воздухот

Власта се уште ги чува во тајност сите детали за увозот со отровниот мазут кој изминативе четири години го дишеа граѓаните. Министерот за економија рече дека најверојатно утре, или в среда, ќе ги објават сите детали околу увозот на штетното масло. Одговорност, вели, не гледа кај себе, и најави расветлување на скандалот кој буквално ја збесна јавноста. Според него, пазарниот инспекторат ќе достави информација до РКЕ, која понатаму ќе одлучи дали ќе има прекршочни казни или одземање на лиценцата на компаниите.

  • Се сублимираат сите извештаи. Утре, а најдоцна до среда ќе излеземе со вицепремиерот и ќе ги објавиме сите детали за увозот на мазут, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој наведе дека веќе неколку цистерни се вратени, затоа што при контролата на акредитираната лабораторија, откриено е поголемо количество на вода и пепел во мазутот.

  • Ако во нашата земја е дозволено 1 %, во мазутот имало 4 или повеќе проценти вода. Исто така имало и надминување на параметрите на пепел. Извршена е контрола на мазут во компаниите кои увезле во последните 3 години, додава Бектеши.

Во меѓу време, Крешник Бектеши вели дека веќе по контрола во акредитирани лаборатории, неколку цистерни биле вратени од страна на царината, поради тоа што било откриено поголемо количество на вода од предвиденото.

Инаку, опасното нафтено масло е забрането во ЕУ, но на големо се користело во Македонија не само од фабрики, туку и државни институции, дури и од неколку здравствени организации.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста