Бектеши конта Битиќи за скандалозните „стратешки“ инвеститори во енергетиката
Нов раскол на „Илинденска“. Министерството за економија не било вклучено во преговарањето за таканаречените стратешки инвестиции и не било предлагач на законите за кои има предупредувања дека ќе „удрат“ по енергетската независност и ќе предизвикаат сериозни финансиски штети на државата. Министерството ќе бара отчет од „преговарачите“ за една од инвестициите. Оттаму не сакаа да прецизираат точно која инвестиција е проблематична, но се алудира на изградбата на комбинирана гасна централа во Скопје од грчки Митилинеос, според тоа дека за нив е спорна државната помош. Тие единствени добиваат 50 милиони евра од Владата во кеш. – ваков пример, велат немало никаде во регионот и пошироко.
Тоа што би било спорно е за лиценцирани , рентабилни, профитабилни инвестиции да се дава директна државна помош од страна на Владата, заради тоа што таквите инвестиции кои веќе имаат, индиректно вид на помош било тоа да се фидинг тарифи или договори за откуп на електрична енергија значи веќе ја користат државната помош од Влада . Двојно да се дава државна помош би било спорно, никаде го нема тоа, велат од Министерството за економија
Објаснувањето за државната помош според директорот на ТИРЗ беше дека тоа било еден од начините како да ја привлечат грчката инвестиција. 50-те милиони ќе се даваат наводно по динамика на реализирање. Од она што досега можеше да се види за оваа инвестиција, Македонија веројатно се согласила на се што побарале.
Министерството за економија ако е потребно ќе побара и формално-пранво враќање во Влада согласно мислењата на институциите меѓу кои и Државното правобранителство од каде Алфа веќе три дена се обидува да дознае како постапиле за предлог – законите.
„За одредени инвестиции, моментално се три, за една од нив има сомневања дека треба да се репреговара, бидејќи ние како Министерство за економија не сме биле директно вклучени во преговарањето. Мислиме дека треба се репреговара со потенцијалниот стратешки инвеститор за одредени работи имајќи во предвид мислењата од надлежните институции каде што се вклучени Државниот правобранител, Комисијата за заштита на конкуренција, Министерствата за финансии, за транспорт и врски, земјоделие, животна средина, потоа ЕСМ, МЕПСО и други институции кои треба дополнително да го дадат своето мислење, велат од Министерството за економија
Предлог – законите веќе го поминаа првиот собраниски филтер, а со истите инвеститорите ќе имаат многу поволности. Од закуп на земјиште по многу ниска цена, ослободување од давачки до загарантиран откуп на произведената енергија. Инаку, ова не е прв случај кога Владата турка закони без да го земе предвид мислењето на релевантното министерство. Последен беше примерот со Законот за рестриктивни мерки каде законот беше пуштен во Собрание и покрај негативно мислење од Министерството за правда.