Бејрут новиот Чернобил?! Либанците ја обвинуваат власта за катастрофата

Либан завиен во црно.. Околу 160 загинати, а 5.000 повредени. Десетици луѓе се исчезнати, а  над 300 илјади останаа без нивните домови. Во Бејрут е прогласена двонеделна вонредна состојба.

Земјата сега се соочува и со економска криза. Жителите на главниот град на Либан се гневни на тамошните власти што доволиле голема количина експлозивен материјал со години да стои во небезбедни услови во магацинот на пристаништето. Според нив, владата во Бејрут е премногу под влијание на исламистичката група Хезболах зад која стои Иран.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, е прв странски функционер што го посети градот. Во Бејрут пристигна заедно со специјализиран тим и спасувачка опрема.

Додека Макрон шеташе низ областа погодена од екплозијата беше пречекан со трогателни приказни од тамошните жители кои беа гневни и го молеа да не и дава пари на нивната влада  нарекувајќи го актуелниот претседател на земјата „терорист“.

Ве молам, немојте да и давате пари на нашата корумпирана влада. Не можеме да се справиме со тоа, го молеше една девојка на што тој договори : Знам, не се грижете, токму тоа ќе го направам, ќе им дадам пари на луѓето, не на владата.

Макрон изјави дека лично ќе се погрижи за нов политички пакт во Либан.

Додека меѓународната помош започна да пристигнува, обвинителството нареди куќен притвор за сите високи службеници на пристаништето кои на било каков начин се поврзани со складирањето на амониум нитратот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста