Барселона во доживотна љубов со Меси
Барселона со новиот претседател, Жоан Лапорта, по секоја цена сака да го задржи Лионел Меси. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а огромна е веројатноста да му биде понудена доживотна соработка. Барем така тврди каталонскиот „Ел Мундо Депортиво“, објавувајќи го планот на Лапорта, кој, наводно на вчерашната инаугурација му се извинил на Меси за несогласувањата со претходните челници. Наводно, преговорите се почнати со Аргентинецот за нов договор, но со значително помала плата од досегашната.
КАТЕГОРИИ Спорт