БАРСЕЛОНА НАЗНАЧИ ПРИВРЕМЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ ПО ОСТАВКАТА НА БАРТОМЕУ

Откако го потврди заминувањето на Жозеп Марија Бартомеу екипата на Барселона го соопшти и името на привремениот претседател на клубот. Карлос Тускетс ќе биде прв човек на каталонскито гигант во наредните неколку месеци се до одржувањето на изборите за нови раководни лица во редовите на Барселона. Токму Тускетс кој е еминентна личност во светот на банкарството и поседува 56 компании е еден од потенцијалните кандидати за прв човек на екипата од “Ноу Камп“, но засега сеуште нема официјална потврда за такво нешто.

Потсетуваме доскорешниот претседател на Барселона, Жозе Марија Бартомеу синоќа си поднесе оставка заедно со целито Управен одбор на клубот. Ваквиот потег многумина го протоклкуваа како крај на битката помеѓу него и првата ѕвезда на тимот Лионел Меси. Бартоему беше посочен како главен виновник за кризата во Барселона, а каталонската полиција минатиот месец го обвини за корупција, па со оглед на големиот присток тој реши да се повлече од екипата на чие чело беше изминатите 6 години односно од 2014та кога го наследи Сандро Росел.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста