Барселона настојува да потпише нов договор со тинејџерот Ансу Фати

Барселона настојува да потпише нов договор со тинејџерот Ансу Фати, се со цел да вметне неверојатна откупна клаузула од 360 милиони евра. Сума, која најверојатно ќе до задржи на „Камп Ноу“ од обидите на богатите гиганти. Фати одигра фантастична деби-сезона со осум постигнати гола, доволно да го привлече вниманието на голем број Премиерлигаши, меѓу кои најзагреан е Манчестер Јунајтед.