Барселона може да го врати Нејмар за 170 милиони евра

Барселона може да го врати Нејмар летово за 170 милиони евра, иформираат француските медиуми. Бразилецот одработи три од петгодишниот договор со Пари Сен Жермен, а според членот 17 од регулативата на ФИФА, секој фудбалер по три одиграни сезони може на сопствено барање да си замине. Желбата на Нејмар да се врати на „Камп Ноу“ не е тајна, но останува дилема дали Барселона во услови на корона-криза ќе издвои 170 милиони евра за да го врати. Инаку, трансферот на Нејмар од Барса во ПСЖ за 222 милиони евра и натаму е најголемиот во светската фудбалска историја.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста