Барселона ја елиминира Севиља за финале во Кралскиот Куп

Поразот од 2-0 на гостувањето во Севиља, Барселона го надополни на свој терен, и дури по продолженија избори финале во Купот на Кралот. Каталонците рано поведоа со прекрасен гол на Дембеле, но за анулирање на негативата се чекаше дури последната 94-та минута. Гризман центрираше, а Пике како највисок во скокот го однесе мечот во две по 15. Претходно, важно да се спомене е одбранетиот пенал на Тер Штеген во 73-тата минута при водство од 1-0. Голот вреден финале е дело на резервистот Брајтвајт по само пет минути игра во првото продолжение. Барселона како најтрофејна ќе се бори за 31та Куп титула, а за противник го чека подобриот од вечерашниот реванш меѓу Леванте на Барди и Атлетик. Првиот меч во Билбао заврши без победник 1-1.

Advertisements