Барселона и Баерн ги минаа Наполи и Челзи, за петок закажаа мегдан во Лисабон

Барселона и Баерн Минхен се најдоа во четвртфиналето од Лигата на европските фудбалски шампиони и на 14. август ќе имаат меѓусебна пресметка во Лисабон. Со тоа по шест месеци од започнувањето заврши оваа фаза од натпреварот на најелитните, а планот е со сосема поинаков тек и систем се да биде заокружено во следните две недели.  Каталонците синоќа го совладаа Наполи со 3-1 и со вкупни 4-2 одат натаму, на Камп Ноу десетина минути одигра и нашиот Елиф Елмас, а Баварците без напор одново славеа со Челзи со 4-1 за вкупни 7-1. Пред мечот на Барса и Баерн закажан за петок, на истото место во португалската престолнина ќе се среднат и Аталанта и Баерн во среда, Лајпциг и Атлетико Мадрид в четврток, а потоа и Манчестер Сити и Лион во сабота. Станува збор за една средба, без реванши.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста