Барн Минхен – единствени со максимален број на победи до титула во ЛШ

Фудбалерите на Баерн Минхен минимално го совладаа тимот на Пари Сен Жермен во големото финале од Лигата на шампионите. Голот вреден титула го постигна Кинсли Коман во 59-тата минута. Баварците во своето 11 финале испишаа нов рекорд, како единствена екипа со максимални 11 победи и 43 гола во една сезона.

Баерн по втор пат во историјата ги освојува трите најдрагоцени трофеји. Претходно на „триплета“ се радуваа во 2013-та, кога и последен пат станаа европски шампиони, но за разлика од тогаш, сега на страшно доминантен начин докажаа дека им нема рамен во Европа. ПСЖ во своето историско финале создаде сериозни шанси преку Нејмар, Мбапе, Ди Марија и Ерера, но одговор на нивните закани имаше голманот Мануел Ноер.

Заврши серијата погодоци на Левандовски, Полјакот погоди директ, но не успеа и во 11 меч по ред да ја затресе противничката мрежа, останува најдобар стрелец со 15 погодоци сезонава. За Баерн ова е шестта европска титула, со што се изедначи со Ливерпул на третото место на вечната листа, зад Милан и Реал Мадрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста