Балкански медиуми: Со оставката на Зоран Заев паѓа целата Влада

Катастрофален пораз на Зоран Заев, со неговата оставка паѓа целата Влада, пишуваат сите балкански медиуми. Албанските печатени изданија, кои во континуитет информираа за изборната кампања од локалните избори во Македонија, Сите, без исклучок, денеска акцентот го ставија на оставката на премиерот и лидер на СДСМ.

Агенцијата „Балкан веб“, наведува, дека тој останува до формирање нова Влада, и потсетува, дека неговата оставка била очекувана, бидејќи најавил дека се повлекува, ако неговата партија го загуби Скопје. Слични информации, пренесуваат и другите медуми, при што дел од нив ставаат акцент на изјавата на Заев, дека „нема потреба од предверемени парламентарни избори“.

Наспроти тоа, лидерите на опозициските партии, најавуваат парламентарно мнозинство, нова Влада и предвремени парламенетарни избори. Што ќе се случува, останува неизвесно, се додава во текстовите на медиумите во Албанија. Се отстапува простор, и за изборните резултати на опозицијата, кои ги оценуваат како „триумф на ВМРО-ДПМНЕ“, како и за лошите, неочекувани резултати на ДУИ, посебно со губењето на градоначалнич во Тетово.

Оставката на Заев предизвикува брз развој на сценаријата, пишуваат и грчките медиуми. Таа не мора да значи и одржување на предвремени парламентарни избори. Случувањата во земјата се катаклизмични, по огромниот пораз што го претрпе владејачката СДСМ, анализира грчката новинска агенција „Ана-Мпа“.

Агенцијата наведува, дека и Заев, во изјавата за оставка, повтори, дека актуелната Влада има уште 2 ипол години да го заврши својот мандат, и мора да продолжи со работа. Сепак, не е исклучено, се вели во анализата на „Ана-Мпа“, некоја од помалите партии во владејачката коалиција, да одлучи да ја разниша довербата на актуелната влада, и да се префрли кај ВМРО-ДПМНЕ, кои, во овој случај, би можеле да предводат нова Влада, без избори. Во случај да не успее ниту едно од двете сценарија, во Македонија ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

Оставката на премиерот Заев, е главна тема во бугарските медиуми. Темата со локалните избори, по кои следи оставката на премиерот, беше објавена во сите медиуми, без да се даваат коментари за тоа. Софиското издание „Дневник“, по информацијата дека Заев поднел оставка од премиерската функција, наведува цитат од Заев, од пред неколку дена, според кој, зад победата на ВМРО-ДПМНЕ, стојат надворешни сили.

Изданието „24 часа“, објавува, дека Данела Арсовска, која е прогласена за „бугарка“, станала градоначалник на Скопје, а премиерот Заев, поднел оставка. „Бнт“ објавува, дека кандидатите за градоначалници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, однесле огромна победа, како и дека партијата на Али Ахмети, го изгуби Тетово , а не го доби Гостивар. На истата тема пишуваат и весникот „Сега“, и националното бугарско радио.

И соседна Србија пишува за Македонија. Српскиот портал „Правда“ пишува: „Заев не е повеќе премиер на Македонија: Од политиката не е воопшто тешко да се замине“. Црногорскиот портал Вијести Онлајн пишува дека: „Оставка на Заев: Што се случило на локалните избори во Северна Македонија“. Хрватски Индекс пишува дека „Премиерот на Македонија си поднесе оставка“.Алџезеира пак пишува дека „Заев си поднел оставка како премиер и претседател на СДСМ“.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста