Бакшиш од Ердоган за Македонија – 30 илјади вакцини „Синовак“

Вакцинацијата во Македонија сведена на чекање донации. 30-те илјади кинески вакцини на Синовак е најновата донација за земјава од Турција. Ветените 70 илјади дози од Бугарија и Грција се уште не се знае кога ќе пристигнат. Непознат е датумот на пристигнување и за 500.000 вакцини на Синовак. Македонија иако секоја недела добива по 10 илјади дози на Фајзер, тоа не е доволно да се засили темпото на имунизација кое е сведено на минимум. Прва доза вакцина вчера примиле само 1.455 граѓани.

Дека спасот цело време го бараме во донациите покажуваат и бројките, но не на донираните вакцини туку на дозите кои Македонија ги обезбедила со директни преговори со производителите на анти-ковид вакцини.

200.000 – Синофарм, 50.950 – Фајзер, 62.400 – Астра Зенека, Спутник 3.000 = 316.350 – ова е скромната бројка на вакцини што здравствените власти ги имаат обезбедено со сопствени договри.

Тоа укажува дека ако македонците останеа само во рацете на Министерството за здравство досега ќе биле имунизирани само 158.175 граѓани- или во проценти нешто повеќе од 7 отсто од населението.

Колку вакцини имаме за аплицирање на прва доза во моментов од МЗ не ни одговорија.Малиот број на вакцини кои ги имаме на располагање граѓаните ги натера масовно да ја искористат шансата да седнат на вакциналното столче во српските вакцинални пунктови.

Инаку, во земјава до вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Додека бројот на лица заинтересирани за вакцинација се искачи на околу 445.000.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста