БАЈДЕН ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ЈА ОБЈАВИ ИДНАТА ВЛАДА

Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден се очекува во текот на утрешниот ден да ги објави имињата на оние кои ќе ги извршуваат најважните државни функции после 20 јануари кога тој и официјално ќе ја преме функцијата претседател на САД. Американските медиуми веќе поначаа да објавуваат имиња на потенцијалните секретари, а како како најсигурен го најавуваат дипломатот Ентони Блинкен кој ќе биде државен секретар во администрацијата на Бајден.Блинкен (58) е еден од главните советници за надворешна политика на Бајден и беше втор по ранг во Стејт департментот за време на претседателот Барак Обама, кога Бајден беше потпретседател. Бајден ќе ги објави имињата и на идните раководители во секторите за економија, националната безбедност и јавното здравство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста