БАЈДЕН: САД СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ГО ВОДАТ СВЕТОТ

САД се подготвени да го водат светот, изјави синоќа новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден, претставувајќи го својот дипломатски и национален тим за безбедност на идната влада. -Тоа е тим што го рефлектира фактот дека Америка е вратена, подготвена да го води светот, а не да се повлекува од него, рече Бајден Новоизбраниот претседател ја повтори својата одлучност да се бори против климатските промени, претставувајќи го својот иден специјален пратеник за ова прашање, Џон Кери. Идниот шеф на дипломатијата, Ентони Блинкен, на собир кажа дека ќе се залага за меѓународна соработка во решавањето на светските проблеми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста