Бајден побара единство во победничкиот говор, Трамп не признава пораз правдата ќе ја бара на суд

Кој победи на изборите во САД? Официјална потврда од државните институции нема, медиумите го прогласија победникот. Бајден одржа победнички говор, Трамп вели легалната победа припаѓа на републиканците.

Народот го кажа своето, тие ни ја обезбедија победата, сакам да бидам претседател кој нема да разединува, туку што обединува, претседател што не гледа сини и црвени држави, туку соединети американски држави-рече Џо Бајден.

Ќе дознаеме дали Џо Бајден е победник или измамник“, рече Руди Џулијани.

Трамп се поактивен на социјалните мрежи, вели собрал 71 милион гласови и победата е негова.

На набљудувачите не им беше дозволено да влезат во просториите каде се броеа гласовите. Победив на изборите. Лоши работи се случија во собите за пребројување на гласовите, но нашите набљудувачи не им беше дозволено да ги видат. Ова се нема случено никогаш претходно. Милиони поштенски гласови беа испратени кај луѓе кои воопшто и не побараа да гласаат по поштенски пат- пишува на Твитер, Доналд Трамп.

Бројките засега се во корист на Бајден кој има 279 електорски гласови, 9 повеќе од потребните за да се пресели во Белата куќа, а Трамп има 214. Приврзаниците на Бајден  славеа по улиците од Њујорк и Вашингтон, се до Лос Анџелес, транспаренти со неговото  името, американски знамиња, , картони испишани со паролата животот на афроамериканците е важен беа само дел од аксесоарите со кои се славеше победата.

Правниот советник на Трамп, Џулијани пак истакна дека медиумите не се оние кои прогласуваат победа на изборите, има инситуции кои го имаат последниот збор.

Сепак тоа не го спречи Бајден во својот говор кој го одржа во Делавер, местото каде што живее да каже дека победил и дека и ќе бил претседател кој ќе обединува.

Бајден кој беше фаворит за победа на изброите ја претстави и неговата потпретседателка Камала Харис која доколку се потврди победата на Џо ќе биде првата жена на таа позиција.

Трамп и неговиот тим обвинуваат за изборна измама, особено преку поштенските гласови кои беа во огромен број. Велат победата ќе ја бараат по судски пат оти многу гласови биле пристигнати откако завршил изборниот ден и истите биле ставени на контото на Бајден. Обвинуваат  и дека на нивните набљудувачи  не им било дозволено да присуствуваат на броењето на гласови. Републиканците тврдат дека имаат и сведоци за како се краделе гласови.

Тимот на Трамп обвинува дека во Филаделфија се појавиле гласачки ливчиња на веќе умрени луѓе, во Пенсилванија пак спорат над 300 000 токму онолку гласови колку му биле потребни на Бајден да направи пресврт во државата и да му ја земе победата на Трамп .

Голем дел од лидерите ширум светот веќе му ја честитаа победата на Бајден. Честитки пристигнаа и од македонскиот врв.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста