Бајден: Дебатата со Трамп ќе се оддржи само доколку претседателот е здрав

Претседателскиот кандидат на Демократската партија за изборите во Соеднинетите држави закажани на 3-ти ноември, Џо Бајден, изјави дека ќе ја откаже договорената дебата со Доналд Трамп, доколку американскиот претседател, се уште, е болен од коронавирус.. Бајден порача дека „доколку Трамп се уште има Ковид-19, не треба да има дебата“.Противниците веќе ја имаа првата дебата, а втората е закажана на 15ти месецов во Мајами. Потпретседателот Мајк Пенс и противникот од Демократската партија, Камала Харис денес ќе се соочат под посебни протоколи за заштита од корона вирусот. Дебатата, единствена меѓу кандидатите за потпретседатели, е закажана во Солт Лејк Сити.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста