Баерн за шестти трофеј, ПСЖ за прва титула во ЛШ


Вечерва се спушта завесата од Лигата на шампионите. На сцената во Лисабон ќе истрчаат фудбалерите на Баерн Минхен и Пари Сен Жермен. Баварците со десет победи во низа влегуваат на овој меч, и во своето 11 финале ќе се борат за шестиот европски трофеј. Пред себе го имаат дебитантот во мечот за титулата, ѕвездениот тим од Париз, екипа која има само пет примени голови сезонава, но затоа пак Баерн го има најефикасниот напад со неверојатни 42 дадени гола. Најдобрата одбрана против најсилниот напад, меч за престиж, историја и рекорди. Вечерва на стадионот „Да Луж“, од 21 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста