БАЕРН ПОБЕДНИК ВО СУПЕРКУОТ НА УЕФА, МИЛЕР ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА ГЕРМАНСКИОТ ФУДБАЛ

Баерн Минхен е апсолутен фудбалски владетел во Европа. По престижниот трофеј во Лигата на шампионите, го освоија и пехарот во Суперкупот на УЕФА откако ја победија Севиља со 2-1 по продолженија. За Баварците ова е втора Суперкуп титула во клупската историја, а за Томас Милер 26ти трофеј, со кој го изедначи рекордот на Швајштајгер за најтрофеен германски играч. Веќе в среда ќе може и да го надмине доколку Баерн слави против Борусија Дортмунд во германскиот Суперкуп.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста