Баерн Минхен го сопре Лион (3:0) за финале против ПСЖ во ЛШ

Минхенски Баерн, за разлика од Јувентус и Манчестер Сити, го знаеше рецептот за француската сензација Лион. Баварците беа во подредена улога во првите 15 минути, а откако Французите не искористија две 100 отстотни шанси, следуваше казна. Серж Гнабри во соло продор донесе почетно водство во 18-тата, а истиот играч во 33-тата ја поправи грешката на Левандовски за 2-0. Но, Полјакот не остана должен, во 88-та ги постави конечните 3-0. Левандовски и Гнабри сезонава искомбинираа 24 погодоци, со што го урнаа рекордот на Роналдо и Бејл за најефикасен тандем во историјата на Лигата на шамионите во една сезона. Доколку Баерн го совлада ПСЖ во големото финале, тимот на Ханси Флик ќе стане и првиот во историјата со максимален број на победи во една сезона. В недела од 21 часот на стадионот Да Луж во Лисабон, Баерн за шестти, ПСЖ за прв европски трофеј.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста