Баерн и Челси се последните четвртфиналисти во ЛШ

Баерн Минехн и Челси се последните четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Баварците без проблеми и на свој терен го совладаа Лацио, сега со 2-1, па така со вкупни 6-2 продолжуваат во ТОП 8.  Во елитното друштво остануваат и Сините од Лондон откако по втор пат беа подобри од Атлетико Мадрид. По гостинскиот минимален триумф, синоќа на Стемфорд Бриџ со головите на Зијеш и Емерсон, Челси го завери четвртфиналниот билет и остана непоразен 13 натпревари под водство на Тухел, нешто што досега на ниту еден тренер не му успеало.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста