Бадникова прослава во Соборниот храм во Скопје : Апели за мир, љубов и добра волја меѓу луѓето од бадниковата прослава

Христијанските православни верници го празнуваат Бадник, денот пред Рождеството Христово. Скопските бадникари, и покрај пандемијата со ковид-19 и оваа година не се откажаа од традицијата, ама дисциплинирани и со маски.

Не изостана предавањето на бадникарскиот ќуп со гранчиња од стариот на новиот кум, Со музика ама без топла ракија.  Годинава кумството од др.Никола Пановски го презедоа кумовите Драган Спасов Дац и Александар Митовски. Заедно со здравичарот традиционално со пајтонот наместо кон Водно се упатија кон своите домови. 

–-Убав е денов, уабво почна и годината, со сонце. Актер, музичар и ликовен уметник, тоа сме ние тројца. Тука сме и искрено се надевам дека пандемијата ќе биде победена од уметноста, изјави Дац откако претходно во Соборниот храм заврши церемонијата по повод осветувањето на бадниковата погача.

-Сум бил неколку пати тука, на оваа бина, како пејач, но сега сум тука и како кум. Многу ми е драго што ќе ја продолжиме оваа тадиција со Дац. Ќе гледаме да ја стивнеме короната, да прваиме убави акции и песни. На сите граѓани им поскаувам добро здравје, а бадниковите гранчиња што ќе ги поделиме да донесат мир и спокој, нагласи Митевски.

На предавањето на бадникарскиот кум присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

-Посакувам здравје, успех, да се сакаме повеќе, благосостојба, но и како што спомна архиепископот, сакањето и почитувањето да бидат одраз на христијанството секој ден од годината. Да бидеме хумани, да помагаме, да си бидеме подадена рака еден на друг, годината да ја поминеме многу подобро од онаа што замина, рече Арсовска.

И Македонската православна црква прилагодена на новите услови кои ги донесе пандемијата. Без масовните литургии, а бадниковите гранчиња  се делеа на влезовите на храмовите.  

– Дали размислуваме за тоа како празнуваме и како го славиме Господа, што му подаруваме, дали носиме доволно љубов и дали имаме доволно љубов за луѓето околу нас? Дали е доволно да имаме љубов само за Бадник, Божиќ и Велигден? Само со живот според верата секој ден ќе ни биде како Божик и како Велигден, истакна поглаварот на МПЦ-ОА.

Денеска е последниот ден од строгиот божиќен пост. 

Според обичаите, православните христијански верници вечерва седнуваат на посна трпеза и се крши лепче со паричка, а се верува дека оној кому ќе му се падне ќе го прати среќа во текот на целата година.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста