Бадник и Божик можност за сплотување на луѓето

Бадник е еден од трите најголеми православни христијански празници кој обединува, сплотува, внесува радост и дух во сечиј дом…

Оние што се држат до православната традиција знаат дека денеска се одбележува раѓањето на исус христос, и е последнот ден од шестнеделниот пост во кој се јаде посна храна.

Традиционалното чествување на овој празник домаќинките го дочекаа со вкусни традиционални јадења. Се јаде пита со праз, посна сарма, риба и други видови храна без состојки од животниско потекло.

Овој празникот се одржува и дома, но и во угостителски објекти …Лиле Миркова како и секоја година за Бадник подготви бесплатна богата трпеза и лепче со паричка за сите верници, идејата е меѓусебно сплотување на луѓето обременети со низа проблеми.

„Сакаме да го славиме празникот со кумовите, гостите.. на верниците им посакувам многу здравје, среќа, многу љубов и мир како и слога помеѓу луѓето“, рече сопственичката на угостителскиот објект.

На трпезата на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејството.

Откако денеска ќе им посакате среќа, здравје и љубов, не заборавете утре на своите најблиски и на сите верници што ги познавате да ги поздравите со пораката „Христос се роди“ по што ќе го добиете одговорот – „Навистина се роди“.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста