Бадник и Божиќ во корона услови

Со владина одлука се забранува организирање на предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор. Со мерките се опфатени и јасни препораки до верските заедници, да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на претстојните верски празници. Освен за новогодишните празници, православните и каталочките христијани се подготвуваат за Божиќ, еден од најголемите христијански празници. Традицијата која со години ја почитуваат верниците, оваа година, поради пандемијата, ќе биде видоизменета..   

  • На 6-ти декември традиционално беа собрани бадниковите гранчиња, наполнето е сосема доволен број дрвца, меѓутоа ова што се одржува сега, следната недела, традиционално се собираат медиуми и многу од мештаните, се одложува заради состојбата. Останува 6-ти јануари ќе има наше обраќање не на плато, не на бина, туку најверојатно, сега за сега, преку видео бим,  Од МПЦ, Г.Г.Стефан, добивме дозвола 15 луѓе, да влеземе внатре да се предаде ќупот, со бадниковите гранчиња а инаку на западниот и јужниот влез од дворот на црквата ќе има маси поставено ќе се делат бадникови гранчиња, маски специјални со знак на бадник.. Се ќе биде безбедно, нема да има топла ракија или чај како што се давало порано од разбирливи причини. Другото останува на верниците, да почитуваат дистанца, ние нема да бидеме причина за собирање.. МПЦ како организатор на тие настани, не ние, во тој случај и полицијата би требало да оддржуваат редот, да не бидеме причина за посебно групирање на луѓе..вели НИКОЛА ПАНОВСКИ-МИКРОБИОЛОГ- КУМ ЗА БАДНИК .

Од Македонската православна црква велат дека ќе ги почитуваат протоколите на здравствените власти и Божиќ нема да се празнува како минатите години. Веќе се откажани повеќето настани кои се карактеристични за овие христијански празници и ги повикуваат верниците на почитување на мерките за внимателност.

Откажавме некои од настаните, како што се Божиќните прослави каде што има масовност, како што се Божиќните поворки, собирот на бадникарите за време на Бадник пред Соборниот храм, Божиќната прослава која што се организираше, нели од страна на Архиепископот во чест на раѓањето Христово и.т.н..Нормално со запазување на мерките. Ние тоа и ќе го апелираме, но и верниците се прво разумни луѓе и знаат дека треба да се придржуваат до мерките кои се пропишани односно да се доаѓа во црква и да се запазуваат мерките кои се прошишани… Ние не можеме да немаме литургија за големите празници но можеме да направиме сето тоа да биде организирано во насока да не се загрозуваме едни со други-вели ОТЕЦ БОБАН МИТЕВСКИ, СВЕШТЕНИК НАСКОПСКАТА ЕПАРХИЈА.

Ова не е прв пат христијанските верници да ги поминат празниците во поинаква атмосфера. За велигденските празници беше воведен 85-часовен карантин па празнувањето беше сведено во кругот на семејството.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста