Бачовска Недиќ: Не очекува тешка учебна година очекува од 1-ви септември

Нова, тешка учебна година не очекува од 1-ви септември. Се поизвесно е дека учениците и студентите нема да се вратат во клупите, вели за Алфа професорката од првниот факултет, Јасна Бачовска Недиќ. Таа смета дека и професорите и учениците ќе се соочат со еден куп проблеми, зашто кај нас дигиталните процеси на учење не биле баш на високо ниво, за разлика од земјите во соседството кои се покажале како поорганизирани.

Дека новата учебна година ќе стартува со проблем говори фактот што добар дел од наставниот кадар не е обучен, вели Недиќ.

– Времето е кратко сега да се обучуваат, тоа е лош психолошки момент за сите, и за професорите и за наставниците. За жал ние не сме довоилно обучени за лесно и без проблем да се снајдеме со онлајн наставата, вели Надиќ.

Надлежните веќе информираа дека наставните предмети остануваат исти, но содржината ќе биде скратена, но деталите ќе кажат кога се ќе биде готово.

Дека системот на онлајн учење потфрлил реагираат и граѓаните. Велат дека ништо не може да ја замени физичката настава. И родителите и учениците велат дека се соочувале со потешотии при учењето.

Родителите со месеци критикуваа дека децата потешкиот наставен материјал можат да го совладаат директно од наставниците. Голем дел на ученици од руралните средини немаа ни компјутери, а камо ли интернет, за да следат виртуелна настава.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста