БАБИЌ ПО СТАРТНИОТ ТРИУМФ ВО СЕХА: СМРЗНУВАМЕ И НЕМАМЕ УСЛОВИ ЗА ИГРА ВО 21 ВЕК


Ракометарите на Е.Пелистер со триумф против Металопластика (30-26) ја започнаа новата СЕХА сезона. Тренерот Жељко Бабиќ не го криеше задоволството по овој меч, но истотака гласно го кажа и проблемот со кој се соочуваат „Фармацевтите“ во Битола.
„Тука нема услови за игра. Тренираме и играме во ненормална температура, не соодветна за овој спорт во 21 век. Битолчани велат дека го сакаат ракометот, но тоа не го покажуваат, ниту на мене како тренер, ниту на играчите кои се смрзнуваат и од студ не можат да ја држат топката“, со овие зборови Бабиќ ги искритикува надлежните за условите во салата „Боро Чурлевски“. Време за било какви корекции има доволно бидејќи Пелистерци ја спуштија завесата за оваа година, а нови пет меча ќе имаат во февруари 2021 година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста