Баба Перса – Власт 2:0
Баба Перса од Волково, преку ноќ ги стекна симпатиите на граѓаните, а не направи ништо посебно, само си ги кажа проблемите, побара да и се решат, и му укажа на градионачалникот на Ѓорче Петров, дека многу работи ветил, а ништо не исполнил.
Настанот, можеби ќе завршеше како локална расправија, доколку вчера во Волково, не беше Премиерот Заев, кој за забелешките на баба Перса, рече дека се инструирани..
И приказната – не заврши тука. Градоначалникот на Ѓорче Петров – Александар Наумовски, вчера попладне сними видео, преку кое сакаше да покаже, дека баба Перса, не ја говорела вистината..
Сепак баба Перса храбро реши ги демантираше Премиерот и градоначалникот, покажа каде живее, ама и дека сама си го решила проблемот со калта.
И додека жителите на Ѓорче Петров се жалат дека живеат како во 19 век, градоначлникот пред неполна година си се поднови со бе-ем-бе Х5, а за медиумите изјави дека било нормално да си купел нов автомобил, бидејќи нема да патувал со магариња. Но очигледно градоначалниот не се вози по истите улици како баба Перса.
Елена Марковска