Aзески: Ќе имаме тежок период со скапа струја, стабилизација дури кон средината на 2022

Сметките за струја ќе растат, домаќинствата и компаниите ќе се соочат со нов струјен ценовен шок. Стопанството алармира дека не очекува тежок период. Првиот човек на најголемата Комора, Бранко Азески, рече дека компаниите ќе се соочат со загуби поради поскапата струја, но уверува дека ќе направат се – за ударот да не предизвика затворање на добар дел од индустриите. Рече дека спиралата на поскапување била на светко ниво, и секако дека нема да ја поштеди ни земјава.

  • Сите знаеме дека ситуацијата со струјата ќе се одрази лошо. Компаниите да се мирни, се ке сториме што во наш интерес да спречиме шоковите да не предизвикаат дополнителни трошоци и на компаниите, и на бизнисите и на граѓаните. Факе е дека ценовен шок не очекува сите од Нова Година, вели претседателот на Стопанската Комора на Македонија, Бранко Азески.

Азески вели дека стопанството очекува стабилизација на цената на струјата дури кон средина на следната година, до тогаш не чека тешка зима.

  • Енормниот пораст на цените на суровините во изминатиот период, но и порастот на влезните елементи кои ја креираат производната цена на електричната енергија се иницијалната каписла за моменталните берзански цени кои достигнуваат до 185 евра за мегават час, а очекуваме в година цената да не оди повеќе од 150 евра, вели Азески.

Ако државата не реагира веднаш, според енергетски експерти, за многу скоро сметките за струја многу лесно може да  порасант и до 50% од сегашните. 

Ако сметките за струја надминат поскапување од 25%, зголемувањето на сметка од околу 4.000 денари, од јануари би се искачила на 5.000.

За ублажување на шоковите економистите предлагаат намалување на даноците, за граѓаните колку толку да не ја почуствуваат ценовната разлика, која директно удира врз џебот на народот.

Експертите велат дека Владата го преспала периодов, додека земјите од соседството активно работеле на изградба на капацитети. 

Колку за илустрација, во последните години цената на струјата се држи под нејзиното реално ниво, а трошоците за производство константно се зголемуваат како резултат на купувањето јаглен од страство кој е значително поскап од домашното производтво.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста