Азар: Јавноста очекува многу од мене, истото го очекувам и јас

Новодојденецот во Реал Мадрид, Еден Азар, пред натпреварот против Клуб Бриж во 2. коло од групната фаза од Лигата на шампионите, зборуваше за очекувањата на навивачите од неговата игра.

– Знам дека јавноста очекува многу од мене. Го очекувам истото и јас. Главниот критичар сум на сам себе. Имаме одличен состав. Работејќи напорно од ден на ден, можеме да го постигнеме она што го сакаме. Не верувам дека ќе биде лесно само затоа што ќе играме со белгискиот клуб, изјави Азар.

Натпреварот Реал – Клуб Бриж ќе се игра вечер во Мадрид со почеток во 18 часот и 55 минути.